февруари 1, 2020

Охрид, 1. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вики клуб Охрид, овој февруари 2020 година, се приклучува кон кампањата за запознавање на ретките болести.

Од претходно направената соработка со Гордана Лолеска, граѓански активист во движењето за Ретки болести во Македонија и член во здружението Живот со предизвици во Македонија, членовите на Вики Клуб Охрид беа запознаени со тоа што значи ретка болест, со какви предизвици се соочуваат и колку се застапени во Македонија. По кратко истражување дојдовме до заклучок дека на Википедија на македонски јазик овие болести се застапени во мал број, па решивме ние како клуб да ја надополниме Википедија на македонски јазик со статии за овие болести.

За веќе стореното, станавме партнери и пријатели на Светската организација на ретки болести, од каде што го поздравуваат нашиот волонтерски ангажман за ретките болести.

Но, активностите на Вики клуб Охрид, поврзани со пишувањето статии за ретките болести се најдоја и во јануарското издание на месечниот весник за едукација на Википедија.

Image may contain: 2 people, people sitting, table and indoor

Овој месец им го посветуваме ним, на ретките болести, односно, како што тече кампањата, секој ден во месец февруари на медиумите да биде одбележан со по една ретка болест, така ние, членовите на Вики клуб Охрид ќе уредуваме по една статија на ден, истата која ќе оди на медиумите, на Википедија на мекедонски јазик, со што го даваме својот мал придонес кон оваа кампања.

Вики клуб Охрид функционира во просториите на Црвен крст Охрид, секоја среда, од 13:30 до 14:30 часот и сите ученици од 13 до 18 години се добредојдени да партиципираат на енциклопедијата Википедија на македонски јазик, под раководство на Наташа Неданоска, координатор за образование на ГЛАМ Македонија во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука