февруари 24, 2015

Хјустон, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Одредена храна може да помогне во борбата против мигрената.

Магнезиумот е важен за здрави крвни садови и нерви и е корисен во превенирање на стеснувања на крвните садови. За рибиното масло истражувањата покажале дека луѓето кои го додаваат во јадењето, ги намалуваат болките. Тоа се должи на истиот ефект што го има и магнезиумот.

Витаминот Б2 кој е и познат како рибофлавин, е докажано дека може да ја намали честотата на мигренозните болки. Исто така е откриено дека витаминот Д заедно со додаток на калциум е многу делотворен против мигрената. (Крај)

извор: Foxnews фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука