септември 27, 2022

Скопје/Охрид, 27. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија го разгледа и утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување.

Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи:

• зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности;
• спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите;
• создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност;
• одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.
Блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука