јули 28, 2017

Скопје, 28. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на денешната седница, меѓу другото, донесе одлука за итно решавање на проблемот со депонијата во Струга.

За таа цел, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на владата добија задолжение да обезбедат финансиски средства со кои треба да се обезбедат услови за безбеден и економичен транспорт на сметот од струшката депонија до други безбедни депонии во Република Македонија.

Во однос на оваа точка од дневниот ред, беше истакнато дека во тек е ангажман на лица за обезбедување и надзор кои ќе ја надгледуваат целата локација, за да превенираат и спречат можни идни проблеми. (Крај)

извор: влада.мк фото: влада.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука