јануари 18, 2022

Скопје, 18. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на денешната трета седница, донесе Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности.

Со оваа одлука бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, што значи дека зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10-ти јуни 2022 година.

Одлука со истата содржина е донесена и за средните училишта, што значи дека и во овие образовни институции бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови односно 158 наставни денови за завршната година на средното образование, зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни.

Одлуката за почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта за први февруари годинава е донесена на претходната седница на Владата и по препораката на Главниот координативен кризен штаб согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Со денешната одлука се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука