јануари 24, 2015

Охрид, 15. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Охридските социјалдемократи заборавија да кажат дека во периодот пред и за време на минатите локални избори со сомнителни договори за вработување, преку ноќ во општина Охрид работно ангажираа околу 300 партиски лица,  заради што веќе одговараат и пред надлежните државни органи, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на изнесеното на денешната прес конференција на ОО на СДСМ од Охрид.

– Социјалдемократите заборавија да кажат дека ги оставија на улица и не им ги исплатија заработените плати на лицата кои работно ги ангажираа во градинките и училиштата, а кои денес ги исплатува раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, СДСМ си дозволи да го критикува легалниот начин на вработување во општина Охрид кој  го  воспостави раководството на ВМРО-ДПМНЕ со што по долги години општината ги отвори вратите за стручни и  компетентни лица кои треба да ги минат правните и законски постапки до евентуално вработување, а заборави да каже дека во нивно време на незаконски начин по основ на роднини и пријатели се вработуваа луѓе кои беа плаќани од општинскиот буџет за недоаѓање на работа, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: Супер радио/ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука