октомври 23, 2014

Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ со поставувањето на двојазичните табли на ПИОМ во Охрид  подмолно сака да ги испровоцира граѓаните на Охрид, реагираат од ВМРО-Народна партија Охрид.

– Оние кои најмногу се декларираат како најголеми чувари на македонскиот идентитет, во спротивност на законот поставија двојазични табли на една од државните институции, каде покрај македонски, називите се и на албански јазик, стои во реакцијата на охридскиот комитет на ВМРО Народна партија.

Од оваа партија прашуваат која е целта на власта со оваа, како што стои во дописот, провокација за граѓаните на Охрид.

– Дали власта предводена од најмакедонската партија ВМРО-ДПМНЕ има црни сценарија за Охрид и охриѓани?! Дали ова е уште еден од штетните договори со нивниот коалиционен партнер во централната политика за државата, се вели во реакцијата на ВМРО-Народна партија.

Супер радио

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука