јануари 5, 2017

Охрид/Струга, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во превенција и намалување од ширењето на грипот, лекарите советуваат редовно миење на рацете, и да се пие доволно течности, најмногу обична вода, незасладени чаеви и природни сокови.

Се препорачува заболените лица да останат во изолација. За нив исто така важи прилагодување на исхрана богата со витамини и минерали, многу чаеви, течности, суво и свежо овошје.

Грипот ги преполни болниците во земјава.

Во Охрид бројката на заболени од грип е околу 260 лица. На пациенти со симптоми на грип им се припишува потребната терапија, а оние со полесни симптоми се враќаат на домашно лекување со совети како да се справат со болеста.

Лекарите велат дека поради сериозноста на вирусот треба многу да се внимава. Родителите да ги следат децата и симптомите на болеста. Иако во Македонија не е прогласена епидемија, на Клиниката за детски болести е набавен лекот „Тамифлу“, а превентивно веќе е направена вонредна состојба.

Во Струга се зголемува бројот на болни од грип. Досега се регистрирани 112 случаи со симптоми кои наликуваат на грип. Од Центарот за јавно здравје во Струга велат дека бројката е многу поголема во однос на истиот период лани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука