јануари 18, 2018

Охрид, 18. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат празникот Водокрст (строг пост), ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Во сите парохиски цркви во Охрид утринава се изврши голем Богојавленски водосвет, а бројни граѓани ги посетија храмовите да запалат свеќа и да наполнат од осветената вода.

vodokrstosvetuvanje

Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука