февруари 10, 2022

Охрид, 10. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Иако минимално, сепак продолжува да расте нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,36 м.н.в, што е за 13 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 26 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 7. степени, за половина степен повисока од месечниот просек.

Нема опис за фотографијата.

Водостојот порасна за три сантиметри во однос на изминатите неколку дена.

Во Охрид денес претежно сончево и потопло време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.

– Денес и утре ќе преовладува сончево и потопло време. Утре претпладне по одделни котлини, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, температурата повторно ќе се намали за неколку степени, а облачноста ќе се зголеми, па во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука