април 21, 2022

Охрид, 21. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро е на само еден сантиметар под просекот за април (693,59 м.н.в).

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,58 м.н.в, што е за 48 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в).

Водостојот се одржува на истата кота од почетокот на неделава.

Температурата на езерската вода порасна на 8 степени и е за 2,4 степени пониска во однос на месечниот просек.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство аземлоделство, шумарство водостопанство -управа за хидрометеоролошки работи- (споредба дневна хидролошка информацила3 реките природните претходниот ден очекувана енденција водостои 21/04/2022 станица- река легуновце вардар ареднио ден) 20.04.22 38 21.04.22 34 д.капила вардар просек април 122 -лепенец пелинце 67 47 108 188 берово струмица 26 22 нд 87 нд 130 црнарека рндрим 178 90 76 40 144.93 измерени 147.08 7:30 148 50 нд 147.08 842.40 = мнм 842.40 табела 144.31 = измерени 3.доран наколец ез.преспа 844.13 07:30 часот 693.59 13.4 8.5 нд зеро Xc над изработил: проверил: одобрил минимум месец директор, ивица година тамошна обработка корекција промената на водостоот, прогнозата“

Во Охрид денес променливо облачно време со повремен локален дожд особено во северните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.

– До недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, а утре ќе биде ветровито со засилен југоисточен ветер (над 60 км/час), а претежно попладне со услови за појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи. Потоа следува неколкудневен постабилен посончев период. Од утре дневните температури ќе бидат во пораст кој ќе е позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука