ноември 9, 2023

Охрид, 9. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е на само еден сантиметар под просекот за ноември.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,28 м.н.в, што е за 1 сантиметар под просекот за ноември (693,29 м.н.в) и 18 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Температурата на водата е 15 степени и е за 2,1 степени повисока од просекот.

Од почетокот месецов се бележи тренд на пораст на водостојот, па котата досега водостојот е покачена за три сантиметри. Врнежите од дожд најавени за наредниве денови се очекува дополнително да ја подобрат хидролошката состојба на езерото.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Од утре попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука