август 8, 2017

Каиро, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународен тим на археолози тврди дека пронашле тајна соба во Големата пирамида со помош на ласерска технологија со која го „мапирале“ 4.500 години старото чудо на древниот Египет.

Со помош на инфрацрвена термографија утврдиле дека има шуплина во структурата, но сега мора да ја пронајдат точната локација на собата.

– Сите уреди кои ги поставивме потврдија дека има шуплина во пирамидата. Висока е околу 105 метри во североисточниот дел на пирамидата, истакнале експертите за АФП.

Големата или Кеопсовата пирамида го добила името по фараонот од четвртата династија. Изградена е помеѓу 2580. и 2560. година пред новата ера. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука