април 10, 2017

Каиро, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашните напади врз две христијански цркви во Египет, претседателот Абдел Фатех ал Сиси прогласи вонредна состојба која ќе трае три месеци. 

Тој ја најави мерката која треба да биде поддржана од парламентот по состанокот на советот за национална безбедност. Планирано е да биде создаден и Висок совет за борба против тероризмот и екстремизмот.

Инаку, во нападите загинаа најмалку 45 луѓе.

На покана на египетскиот претседател и епископите на Католичката црква, кон крајот на месецов Папата Франциско треба да го посети Египет. И покрај актуелната состојба во земјата, заменик-секретарот на Ватикан, Џовани Анџело Бечу, изјави дека Папата нема да ја откаже планираната посета.

Тој посочи дека папата досега посетил опасни региони, а египетските власти го уверија дека се преземени неопходните безбедносни мерки. (Крај)

извор:  МИА  фото: EPA

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука