февруари 13, 2015

Охрид, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По шестмесечно бегство, вчера во Албанија бил уапсен двојниот убиец од Охрид, кој во август минатата година уби двајца свои сограќани во клубот „Император“.

31 годишниот Бојан Петрески е уапсен во Албанија, откако полицијата по него распиша меѓународна потерница. Кобната вечер на 21-ви август Бојан го застрела сопственикот на клубот Васил Ристески и неговиот пријател Ромео Ѓузлески.

На двојното убиство му претходела жестока расправија, по што Петрески извадил пиштол и ги убил и двајцата по што побегнал од местото.

Од таа вечер тој беше во бегство, но фатен е дури вчера.

МВР повеќе детали за апсењето на Петрески ќе соопшти денес. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука