декември 2, 2021

Локерен, 2. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Локерен, источна Фландрија, е отворен најголемиот дистрибутивен центар за чоколадо во светот, објави белгискиот портал „Фокус“.

Белгиско-швајцарскиот производител на чоколада Бери Калебо (Barry Callebaut) отвори центар наречен „Чоколадна кутија“ – висока 41 метар, којашто зафаќа површина од повеќе од 10 фудбалски игралишта. Секоја година, 75 милиони килограми пакувани чоколадни производи ќе пристигнуваат на 125.000 палети од двете фабрики на „Калебо“, кои произведуваат околу 500.000 тони чоколадо. Просториите имаат постојана температура од 18 Целзиусови степени.

Barry Callebaut expects COVID-19 to impact gourmet chocolate | 2020-04-17 |  Food Business News

Со овој проект, којшто чинеше околу 100 милиони евра, производителот гарантира подобра понуда за странските клиенти, додава белгискиот портал.

Белгиското чоколадо важи за висококвалитетно чоколадо. „Пралините“, на пр. како чоколадни бонбончиња биле измислени 1912 година од Белгиецот Жан Нојхаус (1877 – 1953). Во Белгија има и музеј посветен на тој светски познат деликатес. (Крај)

извор: Независен фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука