октомври 9, 2019

Скопје/Охрид, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Болницата во Охрид е меѓу институциите во кои Министерството за здравство првпат од функционирањето на мамографски скрининг воведува значајна новина за двојно читање на мамографските слики, со што мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози.

Овој начин на работење е воведен во шест центри во земјата, односно во трите мамографски центри во Скопје – ГОБ „8 Септември“, Институт за радиологија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (стара градска), како и во болниците во Охрид, Тетово и Прилеп за што е направена надградба на националниот електронски систем „Мој термин“. Оваа новина е воведена со цел максимално да се зголеми бројот на лица заболени во рана фаза од болеста.

Токму месец октомври е месец за превенција од рак на дојка, за таа цел потсетуваме да направите самопреглед на дојка, да закажете ЕХО на дојка преку вашиот матичен лекар, а доколку сте на возраст од 50 до 69 години, јавете се на бесплатниот телефон 0800 15 444 и закажете мамографски преглед. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука