февруари 24, 2015

Донецк, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Властите на самопрогласената Донецка Народна Република најави дека почнале да го повлекуваат тешкото оружје од демаркационата линија.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Едуард Башурин, рече дека повлекувањето започнало утрово и дека од градовите Дебалчево, Горловка, Донецк и Телманово ќе бидат повлечени околу 96 парчиња тешка артилерија.

Се очекува повлекувањето да трае околу две недели, во согласност со одредбите на мировниот договор во Минск, кој беше постигнат на 12 февруари, по повеќе од 16 часа преговори.

Официјален Киев синоќа најави дека про-руските сили се стационирани во близина на пристаништето Мариупол. (Крај)

извор: Итар – ТАСС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука