ВО ЖИВО: Самуиловата тврдина осветлена во боите на ретките болести (Фото/Видео)

Охрид, 1. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – И годинава, како дел од глобалната кампања за илуминација на национални објекти и историски споменици, Самуиловата тврдина во древниот Охрид вечерва блесна во боите на ретките.

Во текот на целиот месец февруари ќе биде осветлена во боите на ретките, како поддршка на пациентите кои се борат со ретките болести.

Ова е само дел од годинешните активности предвидени со Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2022“.

Охридската МЕГА продукција обезбеди live striming од настанот, кој се одржа во најдобар ред и покрај снегот кој, скоро во текот на целиот ден врне во Охрид.

Денеска беше одбележан стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која оваа година ја бележи четвртата сезона. Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, но и со осветлувањето на Самуиловата тврдина, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Во боите на „ретките“ вечерва светнаа и општинските згради во Охрид, Струга и Дебрца и Самоиловата тврдина која што ќе биде осветлена цел месец.

Кампањата на OhridPress можете да ја следите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top