март 15, 2020

Скопје, 15. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на правилно информирање на граѓаните за најновата состојба со ширењето на Корона вирусот (COVID – 19) во Република Македонија, отворена е мапа на кој може да се следи состојбата во живо.

Мапата ја изработи компанијата ГДИ и на неа има детален увид во состојбата со Корона вирусот во Република Македонија, местата од каде доаѓаат сите заболени, годините, како се заразиле и сл.

Истата може да се следи на следниот линк. (Крај)

извор: Охридпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука