февруари 9, 2015

Каиро, 09. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку 22 лица загинаа синоќа во судирите меѓу полицијата и поддржувачите на фудбалскиот клуб Замалек во Каиро, Египет во пресрет на шампионатот.

Египетските државни медиуми јавија дека загинаа 14 лица во голема мешаница, кога илјадници фанови се обидоа насилно да влезат без билети на стадионот во предградието на Каиро.

Во обид да се воспостави ред, полицијата употреби солзавец.

Пред три години во Порт Саид загинаа 74 лица, претежно приврзаници на Ал-Али, а околу 1.000 лица беа повредени во немирите по големиот натпревар против локалниот клуб Ал Масри. (Крај)

извор: ОхридПрес/АП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука