февруари 21, 2015

Киев, 21. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Илјадници луѓе се собраа на историскиот плоштад Мајда во Киев, на одбележувањето на година по крвавите протести кои доведоа до соборување на премиерот Виктор Јанукович од власта.

Пред една година 20 илјади украинци излегоа на Плоштадот на независноста во главниот град во знак на протест против претседателот Виктор Јанукович и неговата проруска политика. По ескалацијата на тензиите, дојде до судири со полицијата, кои траеја 3 дена и ги однесоа животите на вкупно 82 лица.

Актуелниот шеф на државата Петро Порошенко најави дека народот треба да остане обединет.

Годишнината беше одбележана и во Москва. Демонстрациите се одржуваа под мотото “Нема да заборавиме! Нема да простиме!”. (Крај)

извор: РИА Новости фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука