декември 14, 2023

Охрид, 14. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во крводарителската акција која вчера се спроведе во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се собрани 44 крвни единици.

– Оваа крводарителската акција, која се одржа во соработка со Службата за трансфузиона медицина од Охрид и Црвен крст Охрид, беше посветена на претстојното одбележување на нашиот патронен празник. Се собраа 44 крвни единици, што навистина е реткост и ОЕМУЦ уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција. Благодарност до учениците и наставниците за хуманоста. Дарувањето крв е највисок чин на човекољубие, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука