декември 22, 2023

Скопје/Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според последните анализи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на ноември се пријавени вкупно 229 случаи на Covid-19 во Република Македонија, од кои пет лица ја изгубиле битката со болеста.

Регистрирани се 94 реинфекции, односно лица што по неколку пати веќе го прележале вирусот.

– Во однос на претходниот месец октомври 2023 година кога биле заболени 535 лица со овој вирус, се регистрира намалување на бројот на пријавени за 57,2%, а во однос на ноември минатата 2022 година кога имало 824 инфицирани лица се регистрира намалување на заболените од 72,2%. Од заболените во ноември годинава најголем број на заболени и тоа 112 лица се од Скопје, а највисока инциденца од 68,9,1/100.000 се регистрира во Охрид, велат од Институтот за јавно здравје.

Според нив регистрирани се 94 реинфекции, односно лица што неколку пати веќе го прележале вирусот.

– Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната групата над 60 години, покажува статистиката на ИЈЗ. (Крај)

извор: Институт за јавно здравје фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука