октомври 24, 2014

Охрид, 24. октовмри 2014 (ИНПРЕС) – Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар.

Активностите на охридското здружение, како и на Црвениот крст се насочени кон советување за  третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација,

Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад Климент Охридски, в недела на 26-ти октомври во времето од 11:00 до 14:00 часот каде сите заинтересирани ќе можат да добијат корисни совети од стручен тим составен од невролог, физијатар, интернист, психолог и советник за исхрана, а исто така ќе можат да извршат и проценка на ризик факторите за мозочен удар, преку мерење на соодветни параметри (гликемија, ТА, ЕКГ). (Крај/А.Р.)

извор: Супер радио фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука