Охрид, 27. февруaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 3. степени.
– Ќе биде облачно и уште од изутрина со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи (понекаде до 20 л/24ч) ќе има во западните делови. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. До утре снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Во понеделник врнежите ќе се послаби, а во вторник ќе има услови за провејување на снег со послаб интензитет. Од недела до среда ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес