Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 4. степени

Охрид, 3. февруaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 4. степени.

– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Од понеделник ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

scroll to top