Охрид, 28. февруaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од слаб снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.
– Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од среда ќе преовладува стабилно и суво време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес