Охрид, 9. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд попладне.
Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.
– Денес претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено во текот на ноќта и утре претпладне. Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес