Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност и температура до 5. степени

Охрид, 4. февруaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.

– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер. Влажен бран со врнежи на повеќе места се очекува во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

scroll to top