Охрид, 5. февруaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 6. степени.
– Во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец. Во понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува пообилни да бидат во западните делови. Температурите во следните денови ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес