Охрид, 6. февруaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.
– Во понеделник под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува врнежите да бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Во вторник ќе дува засилен до силен северен ветер кога ќе има опаѓање на дневните температури, а во деновите потоа ќе бидат во позначителен пораст, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес