Охрид, 25. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 20. степени.
– До среда времето ќе биде сончево и топло, во попладневните часови со локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневните температури ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес