декември 12, 2021

Охрид, 12. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа од 3.608 тестирања, регистрирани се 377 нови случаи на Covid-19, оздравеле 307 пациенти, а починале 12 лица, соопштијс од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Охрид последното деноноќие се регистрирани 16 новозаболени, едно починато и 23 оздравени лица. Од почетокот на пандемијата во Охрид се пријавени 6.576, од кои се активни 201 случаи на лица заболени од Covid-19.

Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука