декември 1, 2021

Охрид, 1. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец ноември во Охрид се регистрирани 267 нови случаи на COVID-19.

Во овој период 162 лица го победиле вирусот, а починале четворица пациенти. Во моментов во Охрид има 284 активни случаи.

Во споредба со октомври се бележи раст во бројот на новозаболени и оздравени, а намален е бројот на починати лица. Тогаш имало 235 новодијагностицирани, 500 оздравени и 13 починати лица.

Охрид е на второ место на државно ниво во однос на опфатот на населанието со вакцинација против COVID-19. Според последните податоци на ИЈЗ заклучно со 27-ми ноември со две дози вакцина се имунизирани 65% охриѓани над 18 години, а опфатот на вкупната популација вакцинирани со две дози се 53,1%.На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Охрид (Охрид, Струга и Дебар) вакцинирани се 40,9% од вкупната популација. Во Струга се вакцинирани 36,4%, а во Дебар 28,3% од граѓаните што е и меѓу најниските на државно ниво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука