мај 15, 2017

Охрид, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) — Познатиот експерт по стоматологија, холанѓанецот д-р Raimond N.B. van Duinen, истражувач, стоматолог и предавач, ќе одржи предавање во Охрид.

Предавањето ќе се одржи на 20 мај, сабота, во хотелот „Метропол“. Ќе бидат презентирани интересни податоци за глас-јономерите и корисни практични совети кои на стоматолозите можат да им го олеснат работењето во секојдневната пракса.

Ќе бидат опдатени теми како: Бенефити од глас — јономерите во секојдневната пракса, Од привремен до траен реставративен материјал, Дали може употребата на светло да го подобри Вашиот глас — јономер и друго.

Предавањето е организирано од страна на Стоматолошкиот центар „Дентомед М“ од Скопје. Почетокот на настанот е во 10:30 часот, а во вториот дел, ќе има и демонтрација со GC Equia. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука