мај 28, 2017

Охрид, 28. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалениот пролетен семинар, на тема „Рехабилитација кај спортски повреди”, се одржа деновиве во хотел „Климетица” Охрид, во организација на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија.

Денес е последниот работен ден на семинарот.

– Современиот начин на живот без разлика на возраста, бара потреба од спортски активности. Да се биде професионален спортист бара многу одрекувања, дисциплина и психичка стабилност. Желбата и стремежот кон поголем успех и врвни резултати, се почесто резултира со настанување на повреди. Од значаен интерес е превенција на настанување на спортските повреди и адекватен професионален пристап во лекувањето на истите. Мултидисциплинарниот интерактивен пристап во рехабилитацијата кај спортските повреди, резултира со постигнување на врвни резултати и враќање на спортистот на терен во најкус временски период, се дел од заклучоците на семинарот.

Искуствата на домашните и странските предавачи, како и иновативните работилници, и годинава овозможија продолжување на традицијата во организација на вакви едукативни семинари и унапредување на квалитетот на работата на физиотерапевтите и останатите здравствени професионалци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука