декември 15, 2021

Охрид, 15. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Се подготвува првата сензорна градина на отворено во општина Охрид за ученици со попреченост, информираат од ОУ „Григор Прличев“.

– Подготвуваме сензорна градина која ќе биде место за сензорна стимулација на учениците со попреченост, учениците од аутистичниот спектар, но и за сите ученици во училиштето. Овие сензорни градини се новитет во нашата држава и ни е задоволство што ќе ја имаме ПРВАТА сензорна градина во општина Охрид и во околните општини, додаваат од училиштето.

Создавањето на градината е во соработка со проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука