март 16, 2022

Охрид, 16. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во првата половина на март во Охрид се регистрирани 102 нови случаи на COVID-19.

Во истиот период имало 76 оздравени, а 4 лица починале како последица на компликации предизвикани од вирусот. Моментално во градов има 68 активни случаи. И понатаму продолжува трендот на намалување на бројките на новозаболени. Во охридската Општа болница мал е бројот на хоспитализирани пациенти, како и на амбулантски прегледи.

И покрај позитивниот тренд, надлежните засега не планираат укинување или ново олеснување на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Беким Сали неодамна изјави дека сè уште не е време за укинување на мерките бидејќи во земјите каде што тоа е направено имало повторно зголемување на бројот на заразени.

Изминативе две години колку што трае пандемијата со COVID-19 во Македонија се евидентирани вкупно 301.895 случаи, бројот на оздравени пациенти е 290. 907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука