февруари 16, 2022

Охрид, 16. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во првата половина на февруари во Охрид се регистрирани 424 нови позитивни случаи на Covid-19.

Во овој период имало 413 оздравени пациенти, а 20 лица починале како последица на компликации предизвикани од вирусот што е висока бројка ако се земе во предвид дека исто толку починати имаше во цел месец јануари. Моментално во градов има 243 активни случаи на вирусот.

И натаму има доста амбулантски прегледи во охридската Општа болница, а хоспитализираните претежно се повозрасни пациенти.

Од друга страна пак интересот за вакцинација против Covid-19 e значително опаднат. И додека од почетокот на масовната имунизација градов е на трето место по опфатот на вакцинирано население, сепак сега бројките на имунизирано население на дневна основа се далеку помали од претходно. Па, така неодамна во еден ден се вакцинирале вкупно 40-на граѓани со прва и трета доза вакцина. Од неделава пунктот за вакцинација против ковид е префрлен во Маларична, наспроти Гимназијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука