Москва, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Русија стапи на сила „закон за хипотекарен одмор“, кој им дозволува на граѓаните со станбени кредити да паузираат за отплата доколку се соочат со проблеми поради кои неможат да ги плаќаат ратите.
Законот дозволува пауза во отплатата на хипотекарниот заем, кој Русите веќе го нарекоа „хипотекарен одмор“ и кој може да трае до шест месеци.
За да се добие „хипотекарен одмор“, месечната рата мора да биде поголема од половина од просечниот месечен приход на должникот.
Според тоа, тој може да одбере исполнувањето на неговите обврски да биде суспендирано или да биде намалена ратата. Тој може да ја користи оваа можност само еднаш во периодот додека го отплаќа кредитот.
Од денеска стапува на сила изакон во Русија, според кој материјална корист добиена за време на „хипотекарен одмор“,е одлободена од данок на добивка, бидејќи не се смета како приход на даночниот обврзник. (Крај)
извор: Денар фото: архива