август 9, 2017

Охрид, 9. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во сабота, на 12-ти август ќе изврши авио запрашување против комарци.

Запрашувањето со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) ќе започне  во 05:00 и ќе трае до 08:00 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1.500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од  селото Подмолје до населбата Св. Наум и на територијата на град Охрид. Поради запрашувањето се известуваат пчеларите во сабота да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита, информираат од Центарот за јавно здравје од Охрид.

Додаваат дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука