септември 13, 2017

Охрид, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во сабота на 16-ти септември ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци.

– Запрашувањето со аеросолна адултицидна дезинсекција ќе започне во 06:00 и ќе трае до 08:30 часот. Истото ќе се спроведе на површина од 1.500 хектари и тоа на крајбрежјето, на потегот од селото Подмолје до населбата Св. Наум и на територијата на град Охрид. Се известуваат пчеларите во овој период да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита, информираат од Центарот за јавно здравје.

Додаваат дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука