јануари 12, 2017

Вашингтон, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат ја одобри резолуцијата за поддршка на членството на Црна Гора во НАТО.

Резолуцијата е испратена на гласање во Сенатот. Комитетот го поддржа обидот на Црна Гора за влез во Алијансата во минатата година, но за тоа не се гласаше во Сентот каде што е потребно дво третинско мнозинство за одобрување на некоја нова членка на НАТО.

Претседателот на комитот Боб Коркер изрази надеж дека нема да има проблеми при гласањето. Сенаторот Џон Мекејн телефонски му гарантирал на црногорскиот премиер Душко Маровиќ дека Сенатот ќе ја ратификува спогодбата за прием наскоро, соопшти црногорската влада. (Крај)

извор: Р.С. Европа фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука