Во Скопје трета самостојна изложба на охриѓанката Танеска

Скопје/Охрид, 30. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младата охридска уметница Славица Танеска утре ќе ја има својата трета по ред самостојна изложба.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје (дом на градежници) во галеријата КО – РА.

Славица Танеска учи во Државното Уметничко Училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Досега има реализирано две свои самостојни изложби во родниот Охрид, а учествувала на повеќе групни изложби во Охрид и Скопје. На крајот на минатата година, нејзини дела беа поставени во Галеријата на Остен во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top