јуни 14, 2017

Струга, 14. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на Општина Охрид во месец април оваа година биле издадени вкупно 6 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во пет од нив како инвеститор се јавува физичко лице, а во еден случај деловен субјект.

Предвидената вредност на објектите е 19 652 000 денари. Предвидена е градба на 4 станови, со вкупна корисна површина од 770 м2. Од становите еден е четирисобен, додека три се шестсобни.  (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука