јули 9, 2017

Струга, 9. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Општина Струга во текот на месец мај биле издадени вкупно 6 одобренија за градба, исто како во месец април, објави Државниот завод за статистика.

Во пет од нив како инвеститор се јавува физичко лице, а во еден случај деловен субјект.

Предвидената вредност на објектите е 18 053 000 денари. Предвидена е градба на 3 станови, со вкупна корисна површина од 603 м2. Од становите еден е петсобен, а два се шестсобни.  (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука