мај 26, 2017

Струга, 26. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, денес во Струга ќе се одржи пригоден настан.

Во центарот на градот, со почеток во 12 часот, ќе има музички настан.

Активностите се во организација на граѓанската организација „Креативни и активни“, во соработка со Локалната агенција за развој на Струга.

Целта е да се подобрат меѓуетничките односи во југозападниот регион преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. Проектот се реализира во период од три години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука