јуни 25, 2017

Струга, 25. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Струга е домаќин на четвртиот  Меѓународен хорски форум, кој се одржува под раководство на истакнатиот македонски диригент, Сашо Татарчевски.

Гостин на годинешното издание на хорскиот форум е маестро Денеш Сабо од Унгарија, маркантна фигура на унгарската и светската хорска сцена.

Учесниците ќе се запознаат со македонската музичка традиција преку работа на музика од богатата хорска ризница со раководителот на форумот, а ќе добијат и мастеркласови за диригирање и практична работа со хорски ансамбли, од Татарчевски и од Сабо.

Завршниот концерт на форумот, кој традиционално се одржува во црквата „Св. Софија“ во Охрид е закажан за 29-ти  јуни, со почеток од 19 часот. Форумот трае до 1-ви јули. (Крај)

извор: Нова Македонија   фото: Нова Македонија   

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука