Скопје/Охрид, 3. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На почетокот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182.124, што претставува намалување за 1.6 % во однос на претходната учебна година, покажуваат резултатите на Државниот завод за статистика.
Според истиот извор, бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2023/2024 година, изнесува 67.278, што претставува намалување за 2.8 % во однос на претходната учебна година.
Во Охрид годинава се запишаа 456 првачиња, односно 83 помалку од учебната 2022/2023 година кога образованието го започнаа 539 првачиња. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1